фамилијарен
Значење на фамилијарен:
1. Што е во врска со фамилијата. Фамилијарен живот. Фамилијарни фотографии. Фамилијарна преписка.
2. Што е во брак. Фамилијарен човек. Фамилијарна жена. Не барајте го повеќе да шета со вас, тој е сега фамилијарен човек.
3. Интимен, близок; непринуден, неформален во однесувањето. Тоа го кажа со фамилијарен тон.
Членувана форма: фамилијарниот.
Изведени зборови:
- фамилијарно, прил. 1. Заедно со потесната фамилија. Дојдоа фамилијарно. 2. Интимно, блиско. Се однесуваше кон него многу фамилијарно. Му се обрати фамилијарно.
- фамилијарност, и. ж.
Оригинални податоци:
фамилијарен, фамилијарниот прид. 1. Што е во врска со фамилијата. Фамилијарен живот. Фамилијарни фотографии. Фамилијарна преписка. 2. Што е во брак. Фамилијарен човек. Фамилијарна жена. Не барајте го повеќе да шета со вас, тој е сега фамилијарен човек. 3. Интимен, близок; непринуден, неформален во однесувањето. Тоа го кажа со фамилијарен тон. ‖ фамилијарно прил. 1. Заедно со потесната фамилија. Дојдоа фамилијарно. 2. Интимно, блиско. Се однесуваше кон него многу фамилијарно. Му се обрати фамилијарно. ‖ фамилијарност ж.