фанариот

Именка, машки род

Историја.

Значење на фанариот:

1. Грци од цариградскиот кварт Фанар (Фенер), угледни и богати семејства во Цариград, подоцна назив за сите Грци во Турција.

2. Назив за грчките свештеници во времето на турската власт, познати како огорчени противници на националната преродба на словенските народи во Турција во 19 век.

Множина: фанариоти.

Изведени зборови:

  • фанариотски, прид. фанариотскиот Фанариотски владика. Фанариотска пропаганда.

Оригинални податоци:

фанариот, обично во мн. фанариоти м. (истор.) 1. Грци од цариградскиот кварт Фанар (Фенер), угледни и богати семејства во Цариград, подоцна назив за сите Грци во Турција. 2. Назив за грчките свештеници во времето на турската власт, познати како огорчени противници на националната преродба на словенските народи во Турција во 19 век. ‖ фанариотски, фанариотскиот прид. Фанариотски владика. Фанариотска пропаганда.