фанатичен
Значење на фанатичен:
1. Што е обземен од фанатизам, што пројавува фанатизам. Фанатичен поборник за социјални права. Фанатична помиреност со судбината. Фанатична увереност во нешто. Фанатична занесеност.
Членувана форма: фанатичниот.
Изведени зборови:
- фанатично, прил. Фанатично слушаше џез.
- фанатичност, и. ж.
Оригинални податоци:
фанатичен, фанатичниот прид. 1. Што е обземен од фанатизам, што пројавува фанатизам. Фанатичен поборник за социјални права. Фанатична помиреност со судбината. Фанатична увереност во нешто. Фанатична занесеност. ‖ фанатично прил. Фанатично слушаше џез. ‖ фанатичност ж.