фантазија

Именка, женски род

Значење на фантазија:

1. а) Способност да се замислува, да се претставува нешто во свеста, без непосредно да се види, да се почувствува; вообразба, мечта. Детски фантазии. Младешки фантазии. Творечка фантазија. Болна фантазија. Бујна фантазија. б) Плод на таква способност, на вообразба, на мечта. Авторката имала жива фантазија.

2. (муз.) Творба во слободна форма.

Множина: фантазии.

Оригинални податоци:

фантазија, мн. фантазии ж. 1. а) Способност да се замислува, да се претставува нешто во свеста, без непосредно да се види, да се почувствува; вообразба, мечта. Детски фантазии. Младешки фантазии. Творечка фантазија. Болна фантазија. Бујна фантазија. б) Плод на таква способност, на вообразба, на мечта. Авторката имала жива фантазија. 2. (муз.) Творба во слободна форма.