фати

Глагол, свршен

Значење на фати:

1. Земе нешто или некого со рака. Го фати детето за рака.

2. Улови нешто што е во движење со рака. Ја фати топката. Фати мува. Ја фати мачката.

3. Улови дивеч или риба. Фати неколку риби. Фати дива свиња. Ја фатија лисицата.

4. Уапси, зароби некого. Го фатија крадецот. Фатиле двајца непријателски војници.

5. (прен.) Разоткрие, издемне некого во некој престап, во нешто недозволено и сл. Го фати мажот како ја изневерува. Го фати во лага. Ги фати конечно како бегаат од работа.

6. Затече некого во некоја состојба или во некоја работа. Човек не може да те фати на спиење. Извинете, ве фатив на јадење.

7. (прен.) Успее да види, улови некого со поглед. Се напрегаше во сенките да го фати заминувањето на девојката. Зборуваше обидувајќи се да ѝ го фати погледот.

8. (разг.) Успее навреме да стигне, да се качи на превозно средство. Го фатија автобусот. Не го фати возот.

9. Добие болест, зараза и сл. Фати грип. Детето фати сипаница. Фати вошки.

10. За човек ‒ падне во некоја душевна или телесна состојба. Ме фати мрза. Го фати срам. Го фати криза. Ме фати грч. Го фати дремка. Не го фати сон. Ме фати виново. Го фати кашлица. 1а) Се задржи, се затврди нешто нанесено на површина. Ќе фати ли малтерот? Не фати бетонот. Убаво ми фати бојата. б) Добие по површината тенок слој од нешто, се нафати, се прикрепи нешто. Млекото фати кајмак. Раната фати коричка. Книгите фатиле прав. Таванот фатил пајажина. 12. Сошие, поврзе. Фати ми го ракавот со машина, те молам, се распарал. Ги дадов чорапите да ми ги фати котелците. 13. Затече некого невреме или некоја друга природна појава на пат. Нè фати дожд. На патот нè фати густа магла. Морнарите ги фати бура. Доцна тргнаа, ќе ги фати ноќ. 14. Започне временска сезона или некоја природна појава. Фати студ. Фати пролет. Фати голема зима. Фатија горештини. 15. Прими телевизиски или радиосигнал. Го фатил Канал 77 во Скопје? Колку канали ќе фатиш со обична антена? 16. (разг.) Земе под наем, најми некого за некоја работа. Фативме нови мајстори. Фати адвокат. Фати жена за да ѝ помага дома. 17. (разг.) а) Заземе некаде место. Фати две места напред во автобусот. Оди порано и фати маса за четворица. б) Заземе простор, препречи пат и сл. Го фатиле паркиралиштето. Го фатиле патот, не се поминува. Го фатиле тротоарот со коли. 18. Дојде до некоја работа, позиција, материјални средства. Фати добар проект. Девојчето фати добра работа. За таа работа фати добри пари. 19. (со сврзникот да и глагол во форма на сегашно време) Почне нешто да работи, да прави. Фати да зборува. Фати да се смее. Фати да учи. Фати да чисти. 20. Тргне да оди, се упати некаде. Го фатија патот накај селото. Штом тие лево ќе фатат, јас десно да одам. 2Плати одредена сума пари. Ме фати вкупно илјада денари. Ме фати скапо. Ме фати евтино.

Коњугација: фатат.

Изведени зборови:

  • се ~ фати, 1. Фати дел од себе, од своето тело. Се фати за глава. Се фати за стомакот. 2. Се придржи за нешто. Се фати за креветот. Се фати за оградата. 3. Некому му се одземе, му се парализира дел од телото. Му се фати гласот. Му се фати јазикот. Му се фатија нозете. 4. Започне расправија околу нешто. Пак се фатија околу извештајот. Се фатија пак за таа нива. 5. (разг.) Започне љубовна врска со некого. Јана се фати со Горан. Се фати со девојката. 6. Успее, се оформи како резултат на природен процес. Бојата се фати. Се фати кајмак. Се фати бетонот. 7. Започне нешто. Се фати за работа. Се фати да чисти. Се фати да пишува. 8. Се затекне во некое дејство. Се фатија себеси во молчење. Се фати себеси дека ја живее нејзината судбина како своја. Се фати како гледа право во него. 9. За чевли ‒ некому му се соодветни. Не ми се фатија чевлите што ми ги купи. 10. За дрво, растение ‒ се зафати. Се фатија цвеќињата што ги насадив. Се фати лимонот. 11. За животно ‒ се улови. Се фати конечно глушецот во стапица. Исто како животно кога ќе се фати в стапица. 12. Се наталожи, падне. На косата му се фатил снег. Се фатил мраз на прозорците. 13. (прен.) Се наталожи, се образува. Бигор се фатил на душава. Само по себе грч му се фатил околу усните од окапнатост и нејадење.

Фразеолошки израз / поговорка:

Фати магла ‒ избега. Фати џаде ‒ (жарг.) отиде. Фати пат ‒ отиде. Фати усвит ‒ се изгуби. Ми (ти, ...) фати око ‒ ми се допадна. Фати пајажина ‒ остане долго во одредена состојба. Едно фати, друго пушти ‒ не ја завршува до крај работата, е непостојан. Корења фатив ‒ се изначекав, се изнаседов. Се фати за глава ‒ 1. се зачуди многу. 2. не знае што да прави. Се фатија за гуша ‒ влегоа во конфликт. Се фати в костец со нешто или со некого ‒ влезе во борба со нешто или со некого. Се фати на орото (ќе си го игра) ‒ започне некоја работа (ќе си ја доврши). Се фати на јадица ‒ наседне на нешто.

Оригинални податоци:

фати, фатат св. 1. Земе нешто или некого со рака. Го фати детето за рака. 2. Улови нешто што е во движење со рака. Ја фати топката. Фати мува. Ја фати мачката. 3. Улови дивеч или риба. Фати неколку риби. Фати дива свиња. Ја фатија лисицата. 4. Уапси, зароби некого. Го фатија крадецот. Фатиле двајца непријателски војници. 5. (прен.) Разоткрие, издемне некого во некој престап, во нешто недозволено и сл. Го фати мажот како ја изневерува. Го фати во лага. Ги фати конечно како бегаат од работа. 6. Затече некого во некоја состојба или во некоја работа. Човек не може да те фати на спиење. Извинете, ве фатив на јадење. 7. (прен.) Успее да види, улови некого со поглед. Се напрегаше во сенките да го фати заминувањето на девојката. Зборуваше обидувајќи се да ѝ го фати погледот. 8. (разг.) Успее навреме да стигне, да се качи на превозно средство. Го фатија автобусот. Не го фати возот. 9. Добие болест, зараза и сл. Фати грип. Детето фати сипаница. Фати вошки. 10. За човек ‒ падне во некоја душевна или телесна состојба. Ме фати мрза. Го фати срам. Го фати криза. Ме фати грч. Го фати дремка. Не го фати сон. Ме фати виново. Го фати кашлица. 11. а) Се задржи, се затврди нешто нанесено на површина. Ќе фати ли малтерот? Не фати бетонот. Убаво ми фати бојата. б) Добие по површината тенок слој од нешто, се нафати, се прикрепи нешто. Млекото фати кајмак. Раната фати коричка. Книгите фатиле прав. Таванот фатил пајажина. 12. Сошие, поврзе. Фати ми го ракавот со машина, те молам, се распарал. Ги дадов чорапите да ми ги фати котелците. 13. Затече некого невреме или некоја друга природна појава на пат. Нè фати дожд. На патот нè фати густа магла. Морнарите ги фати бура. Доцна тргнаа, ќе ги фати ноќ. 14. Започне временска сезона или некоја природна појава. Фати студ. Фати пролет. Фати голема зима. Фатија горештини. 15. Прими телевизиски или радиосигнал. Го фатил Канал 77 во Скопје? Колку канали ќе фатиш со обична антена? 16. (разг.) Земе под наем, најми некого за некоја работа. Фативме нови мајстори. Фати адвокат. Фати жена за да ѝ помага дома. 17. (разг.) а) Заземе некаде место. Фати две места напред во автобусот. Оди порано и фати маса за четворица. б) Заземе простор, препречи пат и сл. Го фатиле паркиралиштето. Го фатиле патот, не се поминува. Го фатиле тротоарот со коли. 18. Дојде до некоја работа, позиција, материјални средства. Фати добар проект. Девојчето фати добра работа. За таа работа фати добри пари. 19. (со сврзникот да и глагол во форма на сегашно време) Почне нешто да работи, да прави. Фати да зборува. Фати да се смее. Фати да учи. Фати да чисти. 20. Тргне да оди, се упати некаде. Го фатија патот накај селото. Штом тие лево ќе фатат, јас десно да одам. 21. Плати одредена сума пари. Ме фати вкупно илјада денари. Ме фати скапо. Ме фати евтино. ● се ~ 1. Фати дел од себе, од своето тело. Се фати за глава. Се фати за стомакот. 2. Се придржи за нешто. Се фати за креветот. Се фати за оградата. 3. Некому му се одземе, му се парализира дел од телото. Му се фати гласот. Му се фати јазикот. Му се фатија нозете. 4. Започне расправија околу нешто. Пак се фатија околу извештајот. Се фатија пак за таа нива. 5. (разг.) Започне љубовна врска со некого. Јана се фати со Горан. Се фати со девојката. 6. Успее, се оформи како резултат на природен процес. Бојата се фати. Се фати кајмак. Се фати бетонот. 7. Започне нешто. Се фати за работа. Се фати да чисти. Се фати да пишува. 8. Се затекне во некое дејство. Се фатија себеси во молчење. Се фати себеси дека ја живее нејзината судбина како своја. Се фати како гледа право во него. 9. За чевли ‒ некому му се соодветни. Не ми се фатија чевлите што ми ги купи. 10. За дрво, растение ‒ се зафати. Се фатија цвеќињата што ги насадив. Се фати лимонот. 11. За животно ‒ се улови. Се фати конечно глушецот во стапица. Исто како животно кога ќе се фати в стапица. 12. Се наталожи, падне. На косата му се фатил снег. Се фатил мраз на прозорците. 13. (прен.) Се наталожи, се образува. Бигор се фатил на душава. Само по себе грч му се фатил околу усните од окапнатост и нејадење. ◊ Фати магла ‒ избега. Фати џаде ‒ (жарг.) отиде. Фати пат ‒ отиде. Фати усвит ‒ се изгуби. Ми (ти, ...) фати око ‒ ми се допадна. Фати пајажина ‒ остане долго во одредена состојба. Едно фати, друго пушти ‒ не ја завршува до крај работата, е непостојан. Корења фатив ‒ се изначекав, се изнаседов. Се фати за глава ‒ 1. се зачуди многу. 2. не знае што да прави. Се фатија за гуша ‒ влегоа во конфликт. Се фати в костец со нешто или со некого ‒ влезе во борба со нешто или со некого. Се фати на орото (ќе си го игра) ‒ започне некоја работа (ќе си ја доврши). Се фати на јадица ‒ наседне на нешто.