фаворит
Значење на фаворит:
1. Некој или нешто што има најмногу изгледи да победи на некој натпревар или конкурс. Таа песна се смета за фаворит на конкурсот. Фаворитот на трката пристигна трет. Кој е твој фаворит на натпреварот?
2. Омилена личност. Обајцата ученици му биле фаворити. Талентираните, а скромни студенти беа секогаш негови фаворити.
Множина: фаворити.
Изведени зборови:
- фаворитка, и. ж. фаворитки
Оригинални податоци:
фаворит, мн. фаворити м. 1. Некој или нешто што има најмногу изгледи да победи на некој натпревар или конкурс. Таа песна се смета за фаворит на конкурсот. Фаворитот на трката пристигна трет. Кој е твој фаворит на натпреварот? 2. Омилена личност. Обајцата ученици му биле фаворити. Талентираните, а скромни студенти беа секогаш негови фаворити. ‖ фаворитка, фаворитки ж.