фаза

Именка, женски род

Значење на фаза:

1. Одделен степен во развојот на нешто, етапа, стадиум. Нова фаза. Тешка фаза. Минлива фаза. Во која фаза е неговата болест?

2. (астр.) Различен изглед на Месечината и на планетите што зависи од нивната положба во однос на Сонцето и Земјата, мена. Фази на Месечината: млада Месечина, полна Месечина.

3. (физ.) Моментна состојба во движењето на една точка при осцилирањето.

4. (хем.) Агрегатна состојба на некој елемент. Истовремено постоење на две фази ‒ течност и тврдо тело: вода и мраз.

5. (техн.) Одделна група намотки на генератор, а исто така и спроводникот што ја предава електричната енергија. Мотор со три фази.

6. (елект.) Коло од полифазен систем на наизменична струја со иста фреквенција. По дефектот, снема една фаза од струјата, па не можевме да го вклучиме бојлерот.

Множина: фази.

Оригинални податоци:

фаза, мн. фази ж. 1. Одделен степен во развојот на нешто, етапа, стадиум. Нова фаза. Тешка фаза. Минлива фаза. Во која фаза е неговата болест? 2. (астр.) Различен изглед на Месечината и на планетите што зависи од нивната положба во однос на Сонцето и Земјата, мена. Фази на Месечината: млада Месечина, полна Месечина. 3. (физ.) Моментна состојба во движењето на една точка при осцилирањето. 4. (хем.) Агрегатна состојба на некој елемент. Истовремено постоење на две фази ‒ течност и тврдо тело: вода и мраз. 5. (техн.) Одделна група намотки на генератор, а исто така и спроводникот што ја предава електричната енергија. Мотор со три фази. 6. (елект.) Коло од полифазен систем на наизменична струја со иста фреквенција. По дефектот, снема една фаза од струјата, па не можевме да го вклучиме бојлерот.