фазон
Значење на фазон:
1. Начин на изработка, облик, крој. Фазонот на палтата тогаш бил поинаков. Па кога ќе им даде фазон на реверите! Фазон на шапка.
2. (разг.) Занимлива досетка. Неговите фазони се многу интересни. Тој имаше некои свои фазони. Тоа беше нејзин страшен фазон и штос.
Множина: фазони.
Фразеолошки израз / поговорка:
Во тој фазон ‒ во тој правец. Муабетот му течеше во тој фазон. Забелешката му беше во тој фазон.
Оригинални податоци:
фазон, мн. фазони м. 1. Начин на изработка, облик, крој. Фазонот на палтата тогаш бил поинаков. Па кога ќе им даде фазон на реверите! Фазон на шапка. 2. (разг.) Занимлива досетка. Неговите фазони се многу интересни. Тој имаше некои свои фазони. Тоа беше нејзин страшен фазон и штос. ◊ Во тој фазон ‒ во тој правец. Муабетот му течеше во тој фазон. Забелешката му беше во тој фазон.