фигура
Значење на фигура:
1. Изработена форма од некој материјал. Шаховска фигура. Порцелански фигури.
2. Облик, форма. Првите утрински зраци се прелеваат преку стаклото правејќи разни фигури.
3. Геометриски облик. Килимот беше ишаран со прекрасни, симетрични фигури.
4. Вајарска творба. Фигура на коњ. Барокни фигури. Уметникот на фигурата секој ден ѝ даваше ново име.
5. Опис на движење ‒ во танц, уметничко лизгање. Тие изведоа неколку тешки фигури што беа одлучувачки за победата.
6. Облик на нечие тело, силуета. Неговата мала фигура добро ја познавав.
7. Надворешен изглед, облик на нешто што не може да се види јасно. Оддалеку само се наѕираа фигурите на куќите во селото.
8. (прен.) Личност со изразени карактеристики. Раководна фигура. Нашата народна поезија ја изваја џиновската фигура на Крале Марко.
9. Личност во некој измислен настан во литературно, уметничко дело. Централна фигура во неговото сликање е жената.
10. Во книжевноста ‒ стилско средство. Реторичка фигура во нашата народна поезија. Стилска фигура анафора.
11. Во музиката ‒ ритмичко-мелодиски елемент што ја украсува музичката творба.
Множина: фигури.
Изведени зборови:
- фигуричка, и. ж. мн. фигурички; фигурка, мн. фигурки , фигурче, мн. фигурчиња ср. дем. кон зн. 1, 2, 3, и 4.
Оригинални податоци:
фигура, мн. фигури ж. 1. Изработена форма од некој материјал. Шаховска фигура. Порцелански фигури. 2. Облик, форма. Првите утрински зраци се прелеваат преку стаклото правејќи разни фигури. 3. Геометриски облик. Килимот беше ишаран со прекрасни, симетрични фигури. 4. Вајарска творба. Фигура на коњ. Барокни фигури. Уметникот на фигурата секој ден ѝ даваше ново име. 5. Опис на движење ‒ во танц, уметничко лизгање. Тие изведоа неколку тешки фигури што беа одлучувачки за победата. 6. Облик на нечие тело, силуета. Неговата мала фигура добро ја познавав. 7. Надворешен изглед, облик на нешто што не може да се види јасно. Оддалеку само се наѕираа фигурите на куќите во селото. 8. (прен.) Личност со изразени карактеристики. Раководна фигура. Нашата народна поезија ја изваја џиновската фигура на Крале Марко. 9. Личност во некој измислен настан во литературно, уметничко дело. Централна фигура во неговото сликање е жената. 10. Во книжевноста ‒ стилско средство. Реторичка фигура во нашата народна поезија. Стилска фигура анафора. 11. Во музиката ‒ ритмичко-мелодиски елемент што ја украсува музичката творба. ‖ фигуричка, мн. фигурички; ж. фигурка, мн. фигурки ж., фигурче, мн. фигурчиња ср. дем. кон зн. 1, 2, 3, и 4.