филм
Значење на филм:
1. Тенка целулоидна лента за снимање во кинематографијата и фотографијата. Има ли филм во фотоапаратот. Колор филм. Црно-бел филм.
2. Уметничко или документарно дело снимено на филмска лента. Игран филм. Футуристички филм. Документарен филм. Цртан филм.
3. а) Дејност поврзана со снимање и прикажување на филмски остварувања. Состојбата во македонскиот филм. б) Уметност настаната со реализирање на филмската техника. Тој успеа на филм. в) Конкретна реализација од филмската уметност, кино или телевизиска претстава. Вечер ќе гледаме филм.
4. (техн.) Површински слој што се става врз некој материјал, за да се заштити, да се намали триењето и сл. За правилно подмачкување е потребен само еден тенок слој, филм од масло.
Множина: филмови.
Фразеолошки израз / поговорка:
Му (ми, ти...) пукна филмот ‒ не може повеќе да поднесе нешто што се случува. Тој филм нема да го гледаш ‒ нема да се случи тоа што сакаш ти. Си снима филм ‒ си замислува некоја ситуација што ја посакува. Влезе во филм ‒ се занесе од некоја ситуација. Си го врати филмот ‒ се сети на настан што се случил претходно.
Оригинални податоци:
филм, мн. филмови м. 1. Тенка целулоидна лента за снимање во кинематографијата и фотографијата. Има ли филм во фотоапаратот. Колор филм. Црно-бел филм. 2. Уметничко или документарно дело снимено на филмска лента. Игран филм. Футуристички филм. Документарен филм. Цртан филм. 3. а) Дејност поврзана со снимање и прикажување на филмски остварувања. Состојбата во македонскиот филм. б) Уметност настаната со реализирање на филмската техника. Тој успеа на филм. в) Конкретна реализација од филмската уметност, кино или телевизиска претстава. Вечер ќе гледаме филм. 4. (техн.) Површински слој што се става врз некој материјал, за да се заштити, да се намали триењето и сл. За правилно подмачкување е потребен само еден тенок слој, филм од масло. ◊ Му (ми, ти...) пукна филмот ‒ не може повеќе да поднесе нешто што се случува. Тој филм нема да го гледаш ‒ нема да се случи тоа што сакаш ти. Си снима филм ‒ си замислува некоја ситуација што ја посакува. Влезе во филм ‒ се занесе од некоја ситуација. Си го врати филмот ‒ се сети на настан што се случил претходно.