филозофија

Именка, женски род

Значење на филозофија:

1. а) Наука за најопштите закони за развитокот на природата, на човечкото општество и на мислењето. б) Учењето на некој филозоф. Филозофијата на Кант.

2. Методолошките принципи што лежат во основата на некоја наука. Филозофија на јазикот. Политичка филозофија. Филозофија на уметноста.

3. а) Поглед на светот што нè опкружува, убедување за животот, концепција за нешто. Тоа беше негова животна филозофија. б) (обично во мн., ирон.) Излишни мудрувања. Остави ги тие твои филозофии. До кога филозофии ќе кажуваш.

4. а) Наставен предмет во гимназија. б) Учебник по тој предмет. в) (разг.) Наставник што го предава тој предмет.

Множина: филозофии.

Оригинални податоци:

филозофија, мн. филозофии ж. 1. а) Наука за најопштите закони за развитокот на природата, на човечкото општество и на мислењето. б) Учењето на некој филозоф. Филозофијата на Кант. 2. Методолошките принципи што лежат во основата на некоја наука. Филозофија на јазикот. Политичка филозофија. Филозофија на уметноста. 3. а) Поглед на светот што нè опкружува, убедување за животот, концепција за нешто. Тоа беше негова животна филозофија. б) (обично во мн., ирон.) Излишни мудрувања. Остави ги тие твои филозофии. До кога филозофии ќе кажуваш. 4. а) Наставен предмет во гимназија. б) Учебник по тој предмет. в) (разг.) Наставник што го предава тој предмет.