филозофски

Придавка

Значење на филозофски:

1. Што се однесува на филозофија 1 и филозоф Филозофски факултет. Филозофска категорија. Филозофско прашање.

2. Што содржи длабоки мисли, што содржи длабока идеја. Филозофски роман.

3. Што е многу мудар, разумен. Филозофски зборови. Филозофска реторичност.

Членувана форма: филозофскиот.

Изведени зборови:

  • филозофски, прил. Филозофски се јави кметот со свој предлог. Филозофски мудруваа старците.

Оригинални податоци:

филозофски, филозофскиот прид. 1. Што се однесува на филозофија 1 и филозоф 1. Филозофски факултет. Филозофска категорија. Филозофско прашање. 2. Што содржи длабоки мисли, што содржи длабока идеја. Филозофски роман. 3. Што е многу мудар, разумен. Филозофски зборови. Филозофска реторичност. ‖ филозофски прил. Филозофски се јави кметот со свој предлог. Филозофски мудруваа старците.