фиока

Именка, женски род

Значење на фиока:

Четвртеста кутија во маса, плакар што се извлекува. Пребарува по фиоките во бирото.

Множина: фиоки.

Изведени зборови:

  • фиокичка, и. ж. дем.

Фразеолошки израз / поговорка:

Стави нешто во фиока ‒ одложи за подоцна.

Оригинални податоци:

фиока, мн. фиоки ж. Четвртеста кутија во маса, плакар што се извлекува. Пребарува по фиоките во бирото. ◊ Стави нешто во фиока ‒ одложи за подоцна. ‖ фиокичка, мн. фиокички ж. дем.