фишек

Именка, машки род

Значење на фишек:

1. Патрон што се полни со експлозивно полнење за пукање од пушка, пиштол и сл.; куршум. Реденик со фишеци. Последниот фишек ќе го чуваш за себе. Две пачки со фишеци. Сандаци со фишеци.

2. Хартија завиткана во вид на инка за пакување на семки, кикиритки и др. Еден фишек семки.

Множина: фишеци.

Изведени зборови:

  • фишече, и. ср. дем.

Фразеолошки израз / поговорка:

Пука ќори фишеци ‒ 1. пука на празно; 2. за маж ‒ неплоден е.

Оригинални податоци:

фишек, мн. фишеци м. 1. Патрон што се полни со експлозивно полнење за пукање од пушка, пиштол и сл.; сп. куршум. Реденик со фишеци. Последниот фишек ќе го чуваш за себе. Две пачки со фишеци. Сандаци со фишеци. 2. Хартија завиткана во вид на инка за пакување на семки, кикиритки и др. Еден фишек семки. ◊ Пука ќори фишеци ‒ 1. пука на празно; 2. за маж ‒ неплоден е. ‖ фишече, мн. фишечиња ср. дем.