фитил
Значење на фитил:
1. Памучна лента, врвца што гори во ламба, кандило, свеќа и сл. Фитилот на ламбата догорел. Го потсили фитилот на петролејката.
2. Специјална импрегнирана лента за палење мини, експлозив и сл.
Множина: фитили.
Изведени зборови:
- фитилче, и. ср.
Фразеолошки израз / поговорка:
Човек со краток фитил ‒ брзо реагира, брзо пламнува, жестоко реагира. Му пушта фитили ‒ го подбуцнува. Му (ти,...) влезе фитилот ‒ се зарази од некоја идеја.
Оригинални податоци:
фитил, мн. фитили м. 1. Памучна лента, врвца што гори во ламба, кандило, свеќа и сл. Фитилот на ламбата догорел. Го потсили фитилот на петролејката. 2. Специјална импрегнирана лента за палење мини, експлозив и сл. ◊ Човек со краток фитил ‒ брзо реагира, брзо пламнува, жестоко реагира. Му пушта фитили ‒ го подбуцнува. Му (ти,...) влезе фитилот ‒ се зарази од некоја идеја. ‖ фитилче, мн. фитилчиња ср.