физички
Значење на физички:
1. Што се однесува на физиката како наука, на појавите и процесите со кои се занимава физиката. Физички закони и појави. Физичка лабораторија.
2. Што се однесува на телото на човекот; телесен. Физичка болка.
3. Што се однесува на живите суштества и нивното суштествување. Физичко истребување.
4. Што се однесува на дејноста на мускулите на живите суштества. Физичка работа. Физички работник. Физичка сила. Физичка култура.
Членувана форма: физичкиот.
Изведени зборови:
- физички, прил. Сакаше физички да се пресмета со него. Се замори физички.
Фразеолошки израз / поговорка:
Физичко лице (прав.) ‒ лице како носител на права и обрски.
Оригинални податоци:
физички, физичкиот прид. 1. Што се однесува на физиката како наука, на појавите и процесите со кои се занимава физиката. Физички закони и појави. Физичка лабораторија. 2. Што се однесува на телото на човекот; телесен. Физичка болка. 3. Што се однесува на живите суштества и нивното суштествување. Физичко истребување. 4. Што се однесува на дејноста на мускулите на живите суштества. Физичка работа. Физички работник. Физичка сила. Физичка култура. ◊ Физичко лице (прав.) ‒ лице како носител на права и обрски. ‖ физички прил. Сакаше физички да се пресмета со него. Се замори физички.