фластер

Именка, машки род

Значење на фластер:

1. Леплива лента што се користи при преврски.

2. (прен., жарг.) Многу здодевен човек. Од кога трпиш такви фластери.

Множина: фластери.

Фразеолошки израз / поговорка:

Му (ти, ѝ...) се залепи како фластер ‒ многу му се залепи.

Оригинални податоци:

фластер, мн. фластери м. 1. Леплива лента што се користи при преврски. 2. (прен., жарг.) Многу здодевен човек. Од кога трпиш такви фластери. ◊ Му (ти, ѝ...) се залепи како фластер ‒ многу му се залепи.