фокус

Именка, машки род

Значење на фокус:

1. (физ.) Во физиката ‒ точка во која се собираат прекршени или одразени зраци.

2. Во фотографијата ‒ точка во која фотографираниот предмет се гледа најјасно.

3. (мед.) Жариште на воспалителен процес во организмот.

4. (прен.) Центар, средиште, жариште. Во фокусот на случувањата. Во фокусот на најжестоките полемики.

Множина: фокуси.

Оригинални податоци:

фокус, мн. фокуси м. 1. (физ.) Во физиката ‒ точка во која се собираат прекршени или одразени зраци. 2. Во фотографијата ‒ точка во која фотографираниот предмет се гледа најјасно. 3. (мед.) Жариште на воспалителен процес во организмот. 4. (прен.) Центар, средиште, жариште. Во фокусот на случувањата. Во фокусот на најжестоките полемики.