фон
Само во еднина.
Значење на фон:
1. Основна боја, тонот врз кој се пишува или црта нешто. Геометриски мотиви вткаени на интензивен црвен фон.
2. (прен.) Општа основа, средина во која станува нешто. На сивиот фон на небото фигурата се покажа вита и висока.
Оригинални податоци:
фон (само едн.) м. 1. Основна боја, тонот врз кој се пишува или црта нешто. Геометриски мотиви вткаени на интензивен црвен фон. 2. (прен.) Општа основа, средина во која станува нешто. На сивиот фон на небото фигурата се покажа вита и висока.