форма

Именка, женски род

Значење на форма:

1. Надворешен вид, изглед на предмет, на дел од човечкото тело и сл. Кутијата имаше форма на пирамида. Обетките беа во форма на капка. Совршена форма.

2. Вид, тип, устројство, структура на нешто. Тоа е нова форма на управување.

3. Во филозофијата ‒ видлив облик, изглед на просторните предмети; смислено обликувана структура, целина; начин на суштествување, внатрешна организација на содржината.

4. (прав.) Установен образец на нешто, начин на кој се изведува нешто. Во форма на извештај.

5. Предмет со определен облик што служи како модел за изработка на нешто; калап. Форми за правење колачи.

6. Во уметноста ‒ надворешна страна на уметничкото дело; жанр. Драмска форма.

7. (грам.) Промена на зборот што изразува граматичка категорија. Форми на сегашното време. Падежна форма.

8. (спорт.) Степен, состојба на моментална психофизичка подготвеност, кондиција на натпреварувач, на спортист. Тој е во добра форма.

9. (мат.) Во геометријата ‒ кој и да е елемент на просторот (точка, црта, лик или нивна комбинација). Геометриска форма.

Множина: форми.

Оригинални податоци:

форма, мн. форми ж. 1. Надворешен вид, изглед на предмет, на дел од човечкото тело и сл. Кутијата имаше форма на пирамида. Обетките беа во форма на капка. Совршена форма. 2. Вид, тип, устројство, структура на нешто. Тоа е нова форма на управување. 3. Во филозофијата ‒ видлив облик, изглед на просторните предмети; смислено обликувана структура, целина; начин на суштествување, внатрешна организација на содржината. 4. (прав.) Установен образец на нешто, начин на кој се изведува нешто. Во форма на извештај. 5. Предмет со определен облик што служи како модел за изработка на нешто; калап. Форми за правење колачи. 6. Во уметноста ‒ надворешна страна на уметничкото дело; жанр. Драмска форма. 7. (грам.) Промена на зборот што изразува граматичка категорија. Форми на сегашното време. Падежна форма. 8. (спорт.) Степен, состојба на моментална психофизичка подготвеност, кондиција на натпреварувач, на спортист. Тој е во добра форма. 9. (мат.) Во геометријата ‒ кој и да е елемент на просторот (точка, црта, лик или нивна комбинација). Геометриска форма.