формација

Именка, женски род

Значење на формација:

1. Образување, форма, градба, состав, структура. Новата стилска формација ги користеше достигањата на претходните. Големата пештера се наоѓаше во формацијата на бочната карпа.

2. Организиран состав од луѓе, група и сл. Воена формација. Политичка формација. Џез оркестарот е инструментална формација со голем углед.

3. Стадиум, степен во развитокот на човечкото општество, определен од начинот на производство и од системот на производствените односи. Општествено-економска формација.

4. (геол.) Рудни пластови, слоеви создадени во текот на еден геолошки период. Карбонска формација.

Множина: формации.

Изведени зборови:

  • формациски, прид. формацискиот

Оригинални податоци:

формација, мн. формации ж. 1. Образување, форма, градба, состав, структура. Новата стилска формација ги користеше достигањата на претходните. Големата пештера се наоѓаше во формацијата на бочната карпа. 2. Организиран состав од луѓе, група и сл. Воена формација. Политичка формација. Џез оркестарот е инструментална формација со голем углед. 3. Стадиум, степен во развитокот на човечкото општество, определен од начинот на производство и од системот на производствените односи. Општествено-економска формација. 4. (геол.) Рудни пластови, слоеви создадени во текот на еден геолошки период. Карбонска формација. ‖ формациски, формацискиот прид.