формира
Значење на формира:
1. Даде, дава форма, вид на нешто; изгради, изградува, развие, развива, оформи, оформува. Уште од рана возраст детето го формира карактерот. Тогаш тој го формира своето мислење за него. Подоцна тој формира семејство.
2. Состави, составува, создаде, создава нешто. Формирана е стручна комисија. Тие формираа џез група.
Коњугација: формираат , формирајќи.
Изведени зборови:
- се ~ формира, Добие, добива определена форма, се развие, се развива, се оформи, се оформува. Се формираа доброволни бригади. На ширинката се формираше колона.
- формирање, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
формира, формираат; формирајќи св. и несв. 1. Даде, дава форма, вид на нешто; изгради, изградува, развие, развива, оформи, оформува. Уште од рана возраст детето го формира карактерот. Тогаш тој го формира своето мислење за него. Подоцна тој формира семејство. 2. Состави, составува, создаде, создава нешто. Формирана е стручна комисија. Тие формираа џез група. ● се ~ Добие, добива определена форма, се развие, се развива, се оформи, се оформува. Се формираа доброволни бригади. На ширинката се формираше колона. ‖ глаг. им. формирање ср.