форсира

Глагол, свршен и несвршен

Значење на форсира:

1. Забрзано спроведе, спроведува нешто давајќи му предност, поттикне, поттикнува кон побрзо извршување; забрза, засили. Младите ги форсираат туѓите зборови. Тие го форсираа производството на овошје оваа година.

2. Овозможи, овозможува некому успех, напредување (обично неоправдано); протежира. Му даваше предност во работата, форсирајќи го пред другите.

3. Присили, присилува нешто да се направи. Тогаш фармерите беа форсирани за одгледување добиток.

4. (воен.) Заземе, зазема со борба, совлада, совладува со сила некоја природна пречка. Војските ја форсираа реката.

Коњугација: форсираат , форсирајќи.

Изведени зборови:

  • форсирање, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

форсира, форсираат; форсирајќи св. и несв. 1. Забрзано спроведе, спроведува нешто давајќи му предност, поттикне, поттикнува кон побрзо извршување; забрза, засили. Младите ги форсираат туѓите зборови. Тие го форсираа производството на овошје оваа година. 2. Овозможи, овозможува некому успех, напредување (обично неоправдано); протежира. Му даваше предност во работата, форсирајќи го пред другите. 3. Присили, присилува нешто да се направи. Тогаш фармерите беа форсирани за одгледување добиток. 4. (воен.) Заземе, зазема со борба, совлада, совладува со сила некоја природна пречка. Војските ја форсираа реката. ‖ глаг. им. форсирање ср.