фрагмент

Именка, машки род

Значење на фрагмент:

1. Одломка, дел од литературно, научно, публицистичко, музичко или ликовно дело. Ќе наведеме неколку фрагменти од романот. Музички фрагмент.

2. Зачуван дел, останка од некое старо книжевно, уметничко дело, ракопис и сл. Фрагмент од ракопис.

3. Дел, елемент од нешто, од некаква целина воопшто. Во делата се претставени фрагменти од природата. Песните даваат фрагменти и од неговиот семеен живот.

Множина: фрагменти.

Оригинални податоци:

фрагмент, мн. фрагменти м. 1. Одломка, дел од литературно, научно, публицистичко, музичко или ликовно дело. Ќе наведеме неколку фрагменти од романот. Музички фрагмент. 2. Зачуван дел, останка од некое старо книжевно, уметничко дело, ракопис и сл. Фрагмент од ракопис. 3. Дел, елемент од нешто, од некаква целина воопшто. Во делата се претставени фрагменти од природата. Песните даваат фрагменти и од неговиот семеен живот.