фраза
Значење на фраза:
1. а) Зборовен состав, израз што искажува завршена мисла; реченица. Во разговорот дамите користеа и цели француски фрази. б) Затврден израз, затврдена конструкција.
2. Банален израз без содржина. Тој ја изнесе, со многу вообичаени фрази, положбата во која се наоѓаме. Гола фраза. Празни фрази.
3. (муз.) Најмал, самостоен дел од музичка композиција што претставува мелодиска и ритмичка целина. Музичка фраза.
Множина: фрази.
Оригинални податоци:
фраза, мн. фрази ж. 1. а) Зборовен состав, израз што искажува завршена мисла; реченица. Во разговорот дамите користеа и цели француски фрази. б) Затврден израз, затврдена конструкција. 2. Банален израз без содржина. Тој ја изнесе, со многу вообичаени фрази, положбата во која се наоѓаме. Гола фраза. Празни фрази. 3. (муз.) Најмал, самостоен дел од музичка композиција што претставува мелодиска и ритмичка целина. Музичка фраза.