фрчи

Глагол, несвршен

Значење на фрчи:

1. Произведува висок и остар звук, шум обично при брзо струење на воздухот или при брзо движење на некое тело низ воздухот. Надвор фрчат ветришта. Стапот фрчеше низ воздухот. Камшикот фрчи над нивните глави. Куршумите фрчеа на сите страни. По патот фрчат коли.

2. Лета на сите страни, се распрскува во ситни честички, парченца. Фрчеа искри на сите страни. Од ударите на копитата ситни кам‒чиња фрчеа на сите страни.

3. За животно ‒ силно исфрла воздух низ носот, ноздрите, испуштајќи звук. Коњот фрчеше, се исправаше на задните нозе. Коњите тупаа, фрчејќи низ ноздрите.

4. (прен.) Се лути, изразува незадоволство од нешто. Се муртеше, фрчеше и пцуеше. Тој, немоќен, само потскокнуваше и фрчеше.

5. Нагло избива, се излева во изобилство. Водата фрчи и удира по штиците.

6. (прен.) Има нешто во голема мера, во изобилство. Во дворот е раздвижено, фрчат кафиња и пијалаци за гостите. Секој ден фрчат казни. Почнаа да фрчат покани за сослушување на селаните.

Коњугација: фрчат.

Изведени зборови:

  • фрчење, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

фрчи, фрчат несв. 1. Произведува висок и остар звук, шум обично при брзо струење на воздухот или при брзо движење на некое тело низ воздухот. Надвор фрчат ветришта. Стапот фрчеше низ воздухот. Камшикот фрчи над нивните глави. Куршумите фрчеа на сите страни. По патот фрчат коли. 2. Лета на сите страни, се распрскува во ситни честички, парченца. Фрчеа искри на сите страни. Од ударите на копитата ситни кам‒чиња фрчеа на сите страни. 3. За животно ‒ силно исфрла воздух низ носот, ноздрите, испуштајќи звук. Коњот фрчеше, се исправаше на задните нозе. Коњите тупаа, фрчејќи низ ноздрите. 4. (прен.) Се лути, изразува незадоволство од нешто. Се муртеше, фрчеше и пцуеше. Тој, немоќен, само потскокнуваше и фрчеше. 5. Нагло избива, се излева во изобилство. Водата фрчи и удира по штиците. 6. (прен.) Има нешто во голема мера, во изобилство. Во дворот е раздвижено, фрчат кафиња и пијалаци за гостите. Секој ден фрчат казни. Почнаа да фрчат покани за сослушување на селаните. ‖ глаг. им. фрчење ср.