фреквенција
Значење на фреквенција:
1. Својство на тоа што се одвива во блиски интервали, на тоа што се повторува; често повторување, зачестеност. Според фреквенцијата на употреба тој е на второ место.
2. Честота на некоја постапка или на некој настан во определено време. За време на викендот имаме поголема фреквенција од посетители.
3. (физ.) Број на истородни движења, вибрации и сл. во временска единица кај некоја периодична појава. Единица за фреквенција е херц.
Множина: фреквенции.
Фразеолошки израз / поговорка:
Скала на фреквенција ‒ збир на фреквенции во некој определен интервал.
Оригинални податоци:
фреквенција, мн. фреквенции ж. 1. Својство на тоа што се одвива во блиски интервали, на тоа што се повторува; често повторување, зачестеност. Според фреквенцијата на употреба тој е на второ место. 2. Честота на некоја постапка или на некој настан во определено време. За време на викендот имаме поголема фреквенција од посетители. 3. (физ.) Број на истородни движења, вибрации и сл. во временска единица кај некоја периодична појава. Единица за фреквенција е херц. ◊ Скала на фреквенција ‒ збир на фреквенции во некој определен интервал.