фризира
Значење на фризира:
1. Среди, средува коса некому; направи, прави фризура.
2. (прен., разг.) Дотера, дотерува нешто за да изгледа подобро, попривлечно. Тој секогаш ги фризира работите.
Коњугација: фризираат , фризирајќи.
Изведени зборови:
- се ~ фризира, Си среди, си средува коса; си направи, си прави фризура себеси. Секое утро се фризира.
- фризирање, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
фризира, фризираат; фризирајќи св. и несв. 1. Среди, средува коса некому; направи, прави фризура. 2. (прен., разг.) Дотера, дотерува нешто за да изгледа подобро, попривлечно. Тој секогаш ги фризира работите. ● се ~ Си среди, си средува коса; си направи, си прави фризура себеси. Секое утро се фризира. ‖ глаг. им. фризирање ср.