фркне

Глагол, свршен

Значење на фркне:

1. Силно исфрли воздух низ носот, ноздрите, испуштајќи звук. Волот ја обеси главата и фркна со влажните ноздри. Коњите фркнаа и јурнаа по патот. Тој само фркна силно низ нос.

2. Удри со прачка, камшик и сл. испуштајќи звук. Тој посилно ги фркна коњите. Го фркна со прачката по рацете.

3. Нагло, наеднаш избега, полета, навали. Папагалот фркна низ вратничето на кафезот. При секој куршум што ќе фркнеше го вовираа лицето в снег. Нов бран од луѓе фркна по нив, како на јуриш.

4. (дијал.) Се налути. Ќе фркне понекојпат, но брзо се смирува.

Коњугација: (ќе) фркнеа , (ќе) фркнев , (ќе) фркнел, фркнаа , фркнав , фркнал , фркнат , фркнат , фркнете , фркни .

Изведени зборови:

  • фркнува, глаг. несв. фркнуваат
  • фркнување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

фркне, фркнат; фркни, фркнете; фркнав, фркнаа; фркнал; фркнат; (ќе) фркнев, (ќе) фркнеа; (ќе) фркнел св. 1. Силно исфрли воздух низ носот, ноздрите, испуштајќи звук. Волот ја обеси главата и фркна со влажните ноздри. Коњите фркнаа и јурнаа по патот. Тој само фркна силно низ нос. 2. Удри со прачка, камшик и сл. испуштајќи звук. Тој посилно ги фркна коњите. Го фркна со прачката по рацете. 3. Нагло, наеднаш избега, полета, навали. Папагалот фркна низ вратничето на кафезот. При секој куршум што ќе фркнеше го вовираа лицето в снег. Нов бран од луѓе фркна по нив, како на јуриш. 4. (дијал.) Се налути. Ќе фркне понекојпат, но брзо се смирува. ‖ фркнува, фркнуваат несв. ‖ глаг. им. фркнување ср.