фрла
Значење на фрла:
1. фрли. Таму ќе фрламе мрежи. Фрлај што не е требно.
2. Пушта од себе, распостила. Огнот фрла искри во водата. Дрвото фрла дебела сенка.
3. За снег, дожд ‒ врне, паѓа по малку. Сношти фрлаше ситен снежец.
4. Оди брзо, со лесни, живи, отсечни чекори. Коњите ги фрлаа нозете остро и ситно.
Коњугација: фрлаат.
Фразеолошки израз / поговорка:
Фрла дрва и камења ‒ остро напаѓа некого или нешто. Фрла пушка ‒ пука, стрела од пушка. Фрла прав в очи некому ‒ не ги покажува вистинските намери, сака да доведе во заблуда, да измами некого. Фрла светлина врз нешто ‒ разјасни, разоткрие нешто. Фрла кал на некого ‒ клевети, навредува некого. Фрла чифте ‒ клоца, се клоца.
Оригинални податоци:
фрла, фрлаат несв. 1. сп. фрли. Таму ќе фрламе мрежи. Фрлај што не е требно. 2. Пушта од себе, распостила. Огнот фрла искри во водата. Дрвото фрла дебела сенка. 3. За снег, дожд ‒ врне, паѓа по малку. Сношти фрлаше ситен снежец. 4. Оди брзо, со лесни, живи, отсечни чекори. Коњите ги фрлаа нозете остро и ситно. ◊ Фрла дрва и камења ‒ остро напаѓа некого или нешто. Фрла пушка ‒ пука, стрела од пушка. Фрла прав в очи некому ‒ не ги покажува вистинските намери, сака да доведе во заблуда, да измами некого. Фрла светлина врз нешто ‒ разјасни, разоткрие нешто. Фрла кал на некого ‒ клевети, навредува некого. Фрла чифте ‒ клоца, се клоца.