фрли

Глагол, свршен

Значење на фрли:

1. а) Со замав направи нешто што се имало в рака, в раце да лета, да паѓа; промени место на нешто. Зема од камчињата и ги фрли во езерото. Грабна неколку трупци и ги фрли во жарта. Рибарите фрлиле уште една мрежа. Веднаш ја фрли цигарата, за да не го видат. б) Со брзо движење стави нешто. Му ги фрли рацете околу вратот. Ја фрли пушката на рамо и замина в шума. в) Стави, кладе нешто на определено место. Го фрли клучот в торба. Фрли малку жар во огнот. г) Стави на себе облека, облече, нагрне. Тој фрли едно палто врз себе и се преправаше како да спие. Ако ти е ладно, фрли си го и ќебето.

2. а) Исфрли, отфрли нешто како ненужно, се ослободи од нешто, отстрани од употреба. Беа принудени половината од товарот да го фрлат во снегот. Таа ги фрли градските алишта уште првата вечер. б) Привремено се ослободи од нешто што пречи, што не е неопходно. Му стана горештина и го фрли џамаданот. Тој нервозно ја фрли покривката. Седна на тревата, ги фрли чевлите и го соблече палтото. в) Остави, напушти. Реши да ги фрли и славата и успехот и да се врати дома.

3. Пушти од себе, распосла, рашири, расее. Сонцето фрли црвени зраци врз езерото. Месечината фрли светлина врз нејзиното лице. Светлината фрли бел одблесок.

4. а) Даде, подаде. Ако ги продадеш, фрли ми и мене некој денар. Го напоивте ли добитокот, му фрливте ли да јаде? б) Потроши; попусто потроши. Тешки пари фрли за да го извлече сина си од затвор.

5. Во состав со именки: а) Казни со тоа што го означува именката. Го фрли во окови. Фрли во зандана. Без истрага, го фрлија в затвор. б) Доведе некого во тешка и непријатна состојба означена со именката. Го фрли во грижи. Фрли во болест. Фрли во очај. Фрли во жалост. в) Престане да се занимава со тоа што е означено со именката; престане да го употребува тоа што е означено со именката. Го фрли чеканот, реши да се школува. Ги фрли цигарите.

6. За животно (коњ и сл.) ‒ се ослободи од товарот или од јавачот. Маската се обиде да ме фрли неколку пати.

7. Брзо премести, испрати во борба. Непријателот фрли нови сили на фронтот.

8. Сврти, зафрли. Ќе си ги стави рацете одзади, ќе ја фрли главата колку може повисоко и туку кружи наоколу.

9. (разг.) Даде, донесе плод, принос. Колку фрли нивата оваа година? 10. Достигне определена возраст, наполни. Веќе фрли дваесет и две и три години. 1Одведе, однесе. Останувам твој пријател, па макар каде и да било да ме фрли судбината. Плачеше поради судбината што го фрлила во пустина. 12. (жарг.) Испи. Да фрлиме по една ракија? Вечерта фрли некоја чашка повеќе. 13. Собори, кутне. Го зграби и силно го фрли на тревата. 14. Испука. Еден митралез фрли неколку рафали по нас. 15. (дијал.) Раскине брак, се разведе. Ја фрли жената.

Коњугација: фрлат.

Изведени зборови:

  • се ~ фрли, 1. а) Скокне во нешто, на нешто. Се фрли во водата и брзо заплива. Вешто се фрли на самарчето од коњот и го потера. б) Нагло, брзо легне, нагло се спушти наземи. Се фрлив на постела и плачев. Сега тој самиот ви се фрли пред нозе да ве моли. 2. Брзо, силно нападне некого или нешто. Како волци се фрли глутницата врз водачот. Му се фрли квачката и почна да го колва. 3. Се зафати со некоја дејност, започне, се впушти во некаква работа. Се фрли со сета енергија во играта. Се фрлија страсно на работа.

Фразеолошки израз / поговорка:

Нема игла каде да фрлиш ‒ преполно е, нема место. Фрли поглед ‒ погледне набрзина. Фрли око на некого (на нешто) ‒ многу бендиса некого; сака да има нешто во сопственост, сака нешто да добие. Фрли мерак по некого ‒ многу бендиса некого. Фрли в оган ‒ доведе некого во непријатна ситуација. Фрли сенка ‒ оцрни некого или нешто, наруши добар впечаток за некого или нешто. Фрли во ветар ‒ потроши попусто. Фрли котва ‒ 1. за пловен објект ‒ се закотви; 2. (прен.) остане да живее некаде за постојано, се насели. Фрли ракавица ‒ предизвика некого на двобој, на борба. Се фрли в оган ‒ се изложи на опасност за некого или за нешто. Фрли во сенка некого ‒ потисне некого настрана. Фрли в лице, в очи ‒ ја каже вистината (обично непријатна) отворено, без заобиколување. Го фрли оружјето ‒ се предаде. Фрли јадица ‒ 1. лови риба; 2. мами, примамува. Фрли ждрепка ‒ направи избор, одлучи за нешто со влечење ждрепка. Фрли вина на некого ‒ обвини. Фрли во заборав ‒ отстрани од сеќавањето, заборави. Фрли сомнение ‒ осомничи. Фрли во старо железо ‒ исфрли нешто како непотребно, безвредно. Фрли некого во трошок ‒ направи некој да потроши повеќе, изложи некого на трошок. Фрли на улица ‒ остави некого без средства за живот. Фрли камен на некого или нешто ‒ не оди, не посетува. Ги фрли плочите ‒ (жарг., ирон.) умре, почине. Го фрли топот ‒ 1. заврши некоја подолготрајна работа; 2. (жарг., ирон.) умре, почине. Речен збор, фрлен камен ‒ реченото не се повлекува, останува речено. Роди ме, мајко, со касмет, па, фрли ме на буниште ‒ ако има човек среќа, ќе ги совлада тешкотиите, ќе успее. Фрли го во морето, тој ќе ти излезе со стадо овци. Фрли го на буниште, ќе го најдеш на огниште. (посл.) ‒ за тој што е многу вреден, способен. Фрли зад себе, да најдеш пред себе ‒ направи добрина, за да ти се врати со добрина. Се фрли околу врат некому ‒ силно гушне некого. Се фрли во прегратка ‒ прегрне, гушне некого. Се фрли во трошок ‒ многу потроши.

Оригинални податоци:

фрли, фрлат св. 1. а) Со замав направи нешто што се имало в рака, в раце да лета, да паѓа; промени место на нешто. Зема од камчињата и ги фрли во езерото. Грабна неколку трупци и ги фрли во жарта. Рибарите фрлиле уште една мрежа. Веднаш ја фрли цигарата, за да не го видат. б) Со брзо движење стави нешто. Му ги фрли рацете околу вратот. Ја фрли пушката на рамо и замина в шума. в) Стави, кладе нешто на определено место. Го фрли клучот в торба. Фрли малку жар во огнот. г) Стави на себе облека, облече, нагрне. Тој фрли едно палто врз себе и се преправаше како да спие. Ако ти е ладно, фрли си го и ќебето. 2. а) Исфрли, отфрли нешто како ненужно, се ослободи од нешто, отстрани од употреба. Беа принудени половината од товарот да го фрлат во снегот. Таа ги фрли градските алишта уште првата вечер. б) Привремено се ослободи од нешто што пречи, што не е неопходно. Му стана горештина и го фрли џамаданот. Тој нервозно ја фрли покривката. Седна на тревата, ги фрли чевлите и го соблече палтото. в) Остави, напушти. Реши да ги фрли и славата и успехот и да се врати дома. 3. Пушти од себе, распосла, рашири, расее. Сонцето фрли црвени зраци врз езерото. Месечината фрли светлина врз нејзиното лице. Светлината фрли бел одблесок. 4. а) Даде, подаде. Ако ги продадеш, фрли ми и мене некој денар. Го напоивте ли добитокот, му фрливте ли да јаде? б) Потроши; попусто потроши. Тешки пари фрли за да го извлече сина си од затвор. 5. Во состав со именки: а) Казни со тоа што го означува именката. Го фрли во окови. Фрли во зандана. Без истрага, го фрлија в затвор. б) Доведе некого во тешка и непријатна состојба означена со именката. Го фрли во грижи. Фрли во болест. Фрли во очај. Фрли во жалост. в) Престане да се занимава со тоа што е означено со именката; престане да го употребува тоа што е означено со именката. Го фрли чеканот, реши да се школува. Ги фрли цигарите. 6. За животно (коњ и сл.) ‒ се ослободи од товарот или од јавачот. Маската се обиде да ме фрли неколку пати. 7. Брзо премести, испрати во борба. Непријателот фрли нови сили на фронтот. 8. Сврти, зафрли. Ќе си ги стави рацете одзади, ќе ја фрли главата колку може повисоко и туку кружи наоколу. 9. (разг.) Даде, донесе плод, принос. Колку фрли нивата оваа година? 10. Достигне определена возраст, наполни. Веќе фрли дваесет и две и три години. 11. Одведе, однесе. Останувам твој пријател, па макар каде и да било да ме фрли судбината. Плачеше поради судбината што го фрлила во пустина. 12. (жарг.) Испи. Да фрлиме по една ракија? Вечерта фрли некоја чашка повеќе. 13. Собори, кутне. Го зграби и силно го фрли на тревата. 14. Испука. Еден митралез фрли неколку рафали по нас. 15. (дијал.) Раскине брак, се разведе. Ја фрли жената. ● се ~ 1. а) Скокне во нешто, на нешто. Се фрли во водата и брзо заплива. Вешто се фрли на самарчето од коњот и го потера. б) Нагло, брзо легне, нагло се спушти наземи. Се фрлив на постела и плачев. Сега тој самиот ви се фрли пред нозе да ве моли. 2. Брзо, силно нападне некого или нешто. Како волци се фрли глутницата врз водачот. Му се фрли квачката и почна да го колва. 3. Се зафати со некоја дејност, започне, се впушти во некаква работа. Се фрли со сета енергија во играта. Се фрлија страсно на работа. ◊ Нема игла каде да фрлиш ‒ преполно е, нема место. Фрли поглед ‒ погледне набрзина. Фрли око на некого (на нешто) ‒ многу бендиса некого; сака да има нешто во сопственост, сака нешто да добие. Фрли мерак по некого ‒ многу бендиса некого. Фрли в оган ‒ доведе некого во непријатна ситуација. Фрли сенка ‒ оцрни некого или нешто, наруши добар впечаток за некого или нешто. Фрли во ветар ‒ потроши попусто. Фрли котва ‒ 1. за пловен објект ‒ се закотви; 2. (прен.) остане да живее некаде за постојано, се насели. Фрли ракавица ‒ предизвика некого на двобој, на борба. Се фрли в оган ‒ се изложи на опасност за некого или за нешто. Фрли во сенка некого ‒ потисне некого настрана. Фрли в лице, в очи ‒ ја каже вистината (обично непријатна) отворено, без заобиколување. Го фрли оружјето ‒ се предаде. Фрли јадица ‒ 1. лови риба; 2. мами, примамува. Фрли ждрепка ‒ направи избор, одлучи за нешто со влечење ждрепка. Фрли вина на некого ‒ обвини. Фрли во заборав ‒ отстрани од сеќавањето, заборави. Фрли сомнение ‒ осомничи. Фрли во старо железо ‒ исфрли нешто како непотребно, безвредно. Фрли некого во трошок ‒ направи некој да потроши повеќе, изложи некого на трошок. Фрли на улица ‒ остави некого без средства за живот. Фрли камен на некого или нешто ‒ не оди, не посетува. Ги фрли плочите ‒ (жарг., ирон.) умре, почине. Го фрли топот ‒ 1. заврши некоја подолготрајна работа; 2. (жарг., ирон.) умре, почине. Речен збор, фрлен камен ‒ реченото не се повлекува, останува речено. Роди ме, мајко, со касмет, па, фрли ме на буниште ‒ ако има човек среќа, ќе ги совлада тешкотиите, ќе успее. Фрли го во морето, тој ќе ти излезе со стадо овци. Фрли го на буниште, ќе го најдеш на огниште. (посл.) ‒ за тој што е многу вреден, способен. Фрли зад себе, да најдеш пред себе ‒ направи добрина, за да ти се врати со добрина. Се фрли околу врат некому ‒ силно гушне некого. Се фрли во прегратка ‒ прегрне, гушне некого. Се фрли во трошок ‒ многу потроши.