фронт
Значење на фронт:
1. (воен.) а) Челна, предна борбена линија на војските. Тие го пробија непријателскиот фронт. б) Место, територија на која се води борба меѓу две спротивставени војски, бојно поле; заднина. Војската беше растурена во широк фронт. Мислеа на опасностите што ги чекаат на фронтот. в) Највисока оперативна единица, група армии под водство на еден командант. Распуштени се сите фронтови.
2. (прен.) Сојуз на повеќе политички партии или здружување на општествените сили заради остварување на заеднички цели. Народен фронт. Антифашистички фронт.
3. (прен.) Област, сфера на колективно дејствување за постигање на некоја цел. Се отвори широк фронт против пропагандите. Се јавија два противставени идеолошки фронта.
4. Челна, предна страна, најчесто на градба.
Множина: фронта, фронтови.
Изведени зборови:
- фронтовски, прид. фронтовскиот
Фразеолошки израз / поговорка:
На широк фронт ‒ во голем опсег, многу опширно. Бие битка на два фронта ‒ истовремено дејствува во две насоки, истовремено врши, прави две работи. Го напушти фронтот ‒ престане да дава отпор, дозволи да биде победен.
Оригинални податоци:
фронт, мн. фронтови, избр. мн. фронта м. 1. (воен.) а) Челна, предна борбена линија на војските. Тие го пробија непријателскиот фронт. б) Место, територија на која се води борба меѓу две спротивставени војски, бојно поле; спрот. заднина. Војската беше растурена во широк фронт. Мислеа на опасностите што ги чекаат на фронтот. в) Највисока оперативна единица, група армии под водство на еден командант. Распуштени се сите фронтови. 2. (прен.) Сојуз на повеќе политички партии или здружување на општествените сили заради остварување на заеднички цели. Народен фронт. Антифашистички фронт. 3. (прен.) Област, сфера на колективно дејствување за постигање на некоја цел. Се отвори широк фронт против пропагандите. Се јавија два противставени идеолошки фронта. 4. Челна, предна страна, најчесто на градба. ◊ На широк фронт ‒ во голем опсег, многу опширно. Бие битка на два фронта ‒ истовремено дејствува во две насоки, истовремено врши, прави две работи. Го напушти фронтот ‒ престане да дава отпор, дозволи да биде победен. ‖ фронтовски, фронтовскиот прид.