фронтален

Придавка

Значење на фронтален:

1. Што се врши по целата должина на фронтот, директен. Фронтален напад. Фронтален оган. Фронтална битка.

2. Што е свртен нанапред, со лицето кон челото на нешто; преден, челен. Терасата е во фронталниот дел од куќата.

Членувана форма: фронталниот.

Изведени зборови:

  • фронтално, прил. Ќе ги нападнеме фронтално.
  • фронталност, и. ж.

Оригинални податоци:

фронтален, фронталниот прид. 1. Што се врши по целата должина на фронтот, директен. Фронтален напад. Фронтален оган. Фронтална битка. 2. Што е свртен нанапред, со лицето кон челото на нешто; преден, челен. Терасата е во фронталниот дел од куќата. ‖ фронтално прил. Ќе ги нападнеме фронтално. ‖ фронталност ж.