фурна
Значење на фурна:
1. Ѕидана или електрична печка за печење леб и др. јадења. Од ѕиданата фурна се ширеше топлиот мирис на леб. Јагне печено во фурна.
2. Количество леб што може да се испече истовремено во печка. Замириса првата фурна леб. Фурна леб и два вола не ме наситуваат.
3. Просторија во која се меси и пече леб и др.; продавница за леб; пекарница. Купуваа леб од фурна. Сакаа да отворат фурна во градот.
Множина: фурни.
Изведени зборови:
- фурниче, и. ж. мн. фурничиња ср.; фурничка, мн. фурнички дем. и хип.
Фразеолошки израз / поговорка:
Има да јаде уште многу фурни леб ‒ треба уште многу да учи за да стекне искуство, не е дораснат за некоја работа.
Оригинални податоци:
фурна, мн. фурни ж. 1. Ѕидана или електрична печка за печење леб и др. јадења. Од ѕиданата фурна се ширеше топлиот мирис на леб. Јагне печено во фурна. 2. Количество леб што може да се испече истовремено во печка. Замириса првата фурна леб. Фурна леб и два вола не ме наситуваат. 3. Просторија во која се меси и пече леб и др.; продавница за леб; пекарница. Купуваа леб од фурна. Сакаа да отворат фурна во градот. ‖ фурниче, мн. фурничиња ср.; фурничка, мн. фурнички ж. дем. и хип. ◊ Има да јаде уште многу фурни леб ‒ треба уште многу да учи за да стекне искуство, не е дораснат за некоја работа.