фузија

Именка, женски род

Значење на фузија:

1. Спојување, сврзување, слевање, стопување. Композицијата претставува фузија на елементите на блузот со елементите на џезот.

2. Спојување, здружување на две или повеќе претпријатија, организации, партии и сл.; интеграција. Корпорацијата е фузија на повеќе успешни фирми.

3. (физ.) Нуклеарна реакција во која се спојуваат повеќе лесни атоми во еден потежок атом, која се одвива на многу висока температура, при што се ослободува големо количество на енергија.

Множина: фузии.

Оригинални податоци:

фузија, мн. фузии ж. 1. Спојување, сврзување, слевање, стопување. Композицијата претставува фузија на елементите на блузот со елементите на џезот. 2. Спојување, здружување на две или повеќе претпријатија, организации, партии и сл.; интеграција. Корпорацијата е фузија на повеќе успешни фирми. 3. (физ.) Нуклеарна реакција во која се спојуваат повеќе лесни атоми во еден потежок атом, која се одвива на многу висока температура, при што се ослободува големо количество на енергија.