гад
Значење на гад:
1. Нечистотија, валканица, гадотија. Во затворот насекаде беше гад и смрдеа.
2. Збирна именка. инсекти, животинки, гадинки. Гадот цела ноќ ме јадеше.
3. (прен.) Никаквец, подлец, лош, зол, одвратен човек. Умира невин, се колнам, умира поради некој гад.
Множина: гадови.
Изведени зборови:
- гадиште, и. ср. аугм.
- гадотија, и. ж.
Оригинални податоци:
гад, мн. гадови м. 1. Нечистотија, валканица, гадотија. Во затворот насекаде беше гад и смрдеа. 2. зб. им. Инсекти, животинки, гадинки. Гадот цела ноќ ме јадеше. 3. (прен.) Никаквец, подлец, лош, зол, одвратен човек. Умира невин, се колнам, умира поради некој гад. ‖ гадотија, мн. гадотии ж. ‖ гадиште, мн. гадишта ср. аугм.