гајда

Именка, женски род

Значење на гајда:

Народен музички дувачки инструмент составен од мев (мешина), најчесто од коза, со три цевки за дување и за свирење. Во поубаво време секогаш можеа да се чујат изнадуени гајди.

Множина: гајди.

Фразеолошки израз / поговорка:

Игра по туѓа гајда – прави како што ќе му се каже. Ја наду гајдата – почна да плаче со висок глас.

Оригинални податоци:

гајда, мн. гајди ж. Народен музички дувачки инструмент составен од мев (мешина), најчесто од коза, со три цевки за дување и за свирење. Во поубаво време секогаш можеа да се чујат изнадуени гајди. ◊ Игра по туѓа гајда – прави како што ќе му се каже. Ја наду гајдата – почна да плаче со висок глас.