гајтан
Значење на гајтан:
1. Сплетена врвка што се шие како украс по рабовите на облеката; ширит. Жената носеше шајачен елек чии рабови беа опшиени со црвен гајтан.
2. Жица за приклучување електричен апарат. Микрофонот беше на долг гајтан.
Множина: гајтани.
Изведени зборови:
- гајтанче, и. ср. дем.
Фразеолошки израз / поговорка:
Гајтан веѓи (нар. поез.) – убави веѓи.
Оригинални податоци:
гајтан, мн. гајтани м. 1. Сплетена врвка што се шие како украс по рабовите на облеката; ширит. Жената носеше шајачен елек чии рабови беа опшиени со црвен гајтан. 2. Жица за приклучување електричен апарат. Микрофонот беше на долг гајтан. ◊ Гајтан веѓи (нар. поез.) – убави веѓи. ‖ гајтанче, мн. гајтанчиња ср. дем.