гаќарест
Значење на гаќарест:
1. За гулаб, за кокошка и сл. – што е со долги пердуви на нозете. Главата ја имаше кренато невообичаено високо како гаќарест петел.
2. (прен.) Што е лесно облечен, разголен. Некои од нив немаа време да си ги облечат фустаните, та така гаќарести се дереа на бината.
Членувана форма: гаќарестиот.
Оригинални податоци:
гаќарест, гаќарестиот прид. 1. За гулаб, за кокошка и сл. – што е со долги пердуви на нозете. Главата ја имаше кренато невообичаено високо како гаќарест петел. 2. (прен.) Што е лесно облечен, разголен. Некои од нив немаа време да си ги облечат фустаните, та така гаќарести се дереа на бината.