гаќи

Именка

Само во множина.

Значење на гаќи:

Долна облека, обично од памук, за долниот дел од телото, со или без ногавици. Човекот на себе имаше само кошула, гаќи и нови опинци.

Фразеолошки израз / поговорка:

Газ и гаќи/Учкур и гаќи – многу блиски пријатели што се постојано заедно. Ги наполни гаќите/Му се тресат гаќите – се исплаши. Уште не знае гаќите да си ги врзе – премлад е за некоја работа.

Оригинални податоци:

гаќи (само мн.) Долна облека, обично од памук, за долниот дел од телото, со или без ногавици. Човекот на себе имаше само кошула, гаќи и нови опинци. ◊ Газ и гаќи/Учкур и гаќи – многу блиски пријатели што се постојано заедно. Ги наполни гаќите/Му се тресат гаќите – се исплаши. Уште не знае гаќите да си ги врзе – премлад е за некоја работа. ‖ гаќички (само мн.) дем.