галерија

Именка, женски род

Значење на галерија:

1. Специјална просторија или градба наменета за изложување уметнички дела. Вечер во галеријата ќе се отвора изложба.

2. Збирка од уметнички дела. Дома имаше галерија слики во масло.

3. Дел од сала во театар издигнат од приземјето наменет за публиката. Седеше во третата галерија.

4. Долга, тесна просторија што поврзува други простории во дворци, во палати, во рудници или во воени утврдувања. Низ дворецот поминуваа низ долга галерија.

5. (прен.) Низа од ликови или од типови на ликови во некое книжевно дело, во книжевен опус или во животот. Опишувајќи го пеколот, Данте покажува цела галерија живи луѓе со различни страсти.

Множина: галерии.

Оригинални податоци:

галерија, мн. галерии ж. 1. Специјална просторија или градба наменета за изложување уметнички дела. Вечер во галеријата ќе се отвора изложба. 2. Збирка од уметнички дела. Дома имаше галерија слики во масло. 3. Дел од сала во театар издигнат од приземјето наменет за публиката. Седеше во третата галерија. 4. Долга, тесна просторија што поврзува други простории во дворци, во палати, во рудници или во воени утврдувања. Низ дворецот поминуваа низ долга галерија. 5. (прен.) Низа од ликови или од типови на ликови во некое книжевно дело, во книжевен опус или во животот. Опишувајќи го пеколот, Данте покажува цела галерија живи луѓе со различни страсти.