галоп

Именка, машки род

Само во еднина.

Значење на галоп:

1. Вид брзо коњско трчање со скокови. Коњаникот го потера коњот во галоп.

2. Вид стар балски танц, брза полка. Оркестарот засвире галоп и сите станаа.

3. (прен.) Нешто што се прави, се движи многу брзо. Срцето му правеше галоп во градите.

Изведени зборови:

  • галопски, прид. галопскиот

Оригинални податоци:

галоп (само едн.) м. 1. Вид брзо коњско трчање со скокови. Коњаникот го потера коњот во галоп. 2. Вид стар балски танц, брза полка. Оркестарот засвире галоп и сите станаа. 3. (прен.) Нешто што се прави, се движи многу брзо. Срцето му правеше галоп во градите. ‖ галопски, галопскиот прид.