гардероба
Значење на гардероба:
1. Дел од мебел во којшто се чуваат алишта; плакар, шифоњер, орман, шкаф. Во спалната немаше место да се стави гардероба.
2. Целокупна облека на едно лице. Жената имаше навистина богата гардероба.
3. Простор со закачалки во некој објект (театар, кино и сл.) предвиден за оставање капути, мантили, палта и други лични работи на посетителите. Пред гардеробата во театарот се направи голема мешаница.
4. Место за пробување во продавница за облека. Влезе во гардеробата за да го проба фустанот.
5. Место предвидено за привремено чување торби и други лични работи со клуч на железничка или на автобуска станица. Торбата му беше заклучена во гардеробата на железничката станица.
6. Просторија во театар во која уметниците се преоблекуваат и се подготвуваат за настап. По претставата, во гардеробата му пристигна писмо.
Множина: гардероби.
Оригинални податоци:
гардероба, мн. гардероби ж. 1. Дел од мебел во којшто се чуваат алишта; плакар, шифоњер, орман, шкаф. Во спалната немаше место да се стави гардероба. 2. Целокупна облека на едно лице. Жената имаше навистина богата гардероба. 3. Простор со закачалки во некој објект (театар, кино и сл.) предвиден за оставање капути, мантили, палта и други лични работи на посетителите. Пред гардеробата во театарот се направи голема мешаница. 4. Место за пробување во продавница за облека. Влезе во гардеробата за да го проба фустанот. 5. Место предвидено за привремено чување торби и други лични работи со клуч на железничка или на автобуска станица. Торбата му беше заклучена во гардеробата на железничката станица. 6. Просторија во театар во која уметниците се преоблекуваат и се подготвуваат за настап. По претставата, во гардеробата му пристигна писмо.