гарнира

Глагол, свршен и несвршен

Значење на гарнира:

1. Дополни, дополнува, украси, украсува порција со месо или риба со разни додатоци од зеленчук и сл.

2. (прен.) Дополни, дополнува, украси, украсува нешто. Кога раскажуваше, настаните ги гарнираше за да бидат поинтересни.

Коњугација: гарнираат , гарнирајќи.

Изведени зборови:

  • гарнирање, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

гарнира, гарнираат; гарнирајќи св. и несв. 1. Дополни, дополнува, украси, украсува порција со месо или риба со разни додатоци од зеленчук и сл. 2. (прен.) Дополни, дополнува, украси, украсува нешто. Кога раскажуваше, настаните ги гарнираше за да бидат поинтересни. ‖ глаг. им. гарнирање ср.