гасне

Глагол, несвршен

Значење на гасне:

1. Прави нешто да престане да гори или да свети. Ја гаснеше цигарата и ја гледаше.

2. Полева со вода жива вар. Гаснеа вар за куќата.

3. (прен.) Слабее, се губи: а) Некакво чувство (радост, среќа и сл.). Додека ме слушаше, гаснеше радоста од неговото лице. б) Некаков звук. Чекорите на луѓето гаснеа, како да тонеа в сон.

4. (прен.) Прекинува, прави да го нема, да исчезне. Животот му гаснеше. Гаснеше денот. Со водата ја гаснеше жедта. Моторот гаснеше.

Коњугација: гаснат , гаснеа , гаснев , гаснејќи, гаснел , гаснет , гаснете , гасни .

Изведени зборови:

  • гаснење, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

гасне, гаснат; гасни, гаснете; гаснев, гаснеа; гаснел; гаснет; гаснејќи несв. 1. Прави нешто да престане да гори или да свети. Ја гаснеше цигарата и ја гледаше. 2. Полева со вода жива вар. Гаснеа вар за куќата. 3. (прен.) Слабее, се губи: а) Некакво чувство (радост, среќа и сл.). Додека ме слушаше, гаснеше радоста од неговото лице. б) Некаков звук. Чекорите на луѓето гаснеа, како да тонеа в сон. 4. (прен.) Прекинува, прави да го нема, да исчезне. Животот му гаснеше. Гаснеше денот. Со водата ја гаснеше жедта. Моторот гаснеше. ‖ глаг. им. гаснење ср.