газ
Значење на газ:
1. (разг.) Заден дел од човековото тело меѓу половината и нозете, задник. Се чу како плесна шлаканица по голиот газ и детето уште повеќе вресна.
2. газалиште. Преминуваше преку газот на реката.
Множина: газови.
Изведени зборови:
- газе, и. ср. дем.
- газиште, и. ср. аугм.
Фразеолошки израз / поговорка:
Гол газ – сиромашен човек. Лаком газ – алчен човек. Мрзлив газ – мрзлив човек. Од газот (му) ѕирка празот – се претставува од повисок род, но не може да го сокрие селското потекло.
Оригинални податоци:
газ, мн. газови м. 1. (разг.) Заден дел од човековото тело меѓу половината и нозете, задник. Се чу како плесна шлаканица по голиот газ и детето уште повеќе вресна. 2. сп. газалиште. Преминуваше преку газот на реката. ◊ Гол газ – сиромашен човек. Лаком газ – алчен човек. Мрзлив газ – мрзлив човек. Од газот (му) ѕирка празот – се претставува од повисок род, но не може да го сокрие селското потекло. ‖ газе, мн. газиња ср. дем. ‖ газиште, мн. газишта ср. аугм.