гази

Глагол, несвршен

Значење на гази:

1. а) Стапнува, чекори, оди. Ми се чинеше не газам на нозе. На челото газеше нашиот водник. б) Стапнува на нешто (снег, кал, трева и сл.). Гази уморно во снегот. Матичарот газеше во калта и размислуваше за есенската здодевност. в) Преминува преку вода, планина и сл. Реката во април не се газеше. А колку за нас, ние сме научени да ја газиме планинава.

2. Смачкува со нозе. Ќе ја кренеше и ќе ја бувнеше на земја, ќе ја газеше, ќе ѝ ги искршеше рацете.

3. (прен., разг.) Угнетува, поробува, потчинува, понижува. Без жал ги газеа луѓето.

Коњугација: газат.

Изведени зборови:

  • газење, глаг. им. ср.

Фразеолошки израз / поговорка:

Гази збор – не го одржува зборот. Гази на лебот – не го почитува гостопримството. Гази на трње – многу внимава. Гази на честа – понижува. Не гази по гнили штици – Оди на сигурно. Не гази на мравка – многу е добар.

Оригинални податоци:

гази, газат несв. 1. а) Стапнува, чекори, оди. Ми се чинеше не газам на нозе. На челото газеше нашиот водник. б) Стапнува на нешто (снег, кал, трева и сл.). Гази уморно во снегот. Матичарот газеше во калта и размислуваше за есенската здодевност. в) Преминува преку вода, планина и сл. Реката во април не се газеше. А колку за нас, ние сме научени да ја газиме планинава. 2. Смачкува со нозе. Ќе ја кренеше и ќе ја бувнеше на земја, ќе ја газеше, ќе ѝ ги искршеше рацете. 3. (прен., разг.) Угнетува, поробува, потчинува, понижува. Без жал ги газеа луѓето. ◊ Гази збор – не го одржува зборот. Гази на лебот – не го почитува гостопримството. Гази на трње – многу внимава. Гази на честа – понижува. Не гази по гнили штици – Оди на сигурно. Не гази на мравка – многу е добар. ‖ глаг. им. газење ср.