генерација

Именка, женски род

Значење на генерација:

1. Сите родени во еден временски период кои претставуваат едно поколение. Генерацијата на дедо ми се борела на тој фронт.

2. Етапа од историјата на едно семејство, на еден род, потомство, поколение. Имотот одел од генерација на генерација и секогаш се зголемувал.

3. Просечен временски период од раѓањето на родителите и раѓањето на децата. На фотографијата се три генерации, баба, мајка и внука.

4. Луѓе од приближно иста возраст што се занимаваат со нешто или се дел од нешто. Нашата генерација прослави десет години од матура. Секоја година по една генерација момчиња и девојки се разделуваат од ученичките клупи.

5. (техн.) Степен на техничко-технолошки развој на некој производ. Оваа генерација телефони се покажа добра.

Множина: генерации.

Изведени зборови:

  • генерациски, прид. генерацискиот

Фразеолошки израз / поговорка:

Јаз меѓу генерациите – разлики во мислењето, однесувањето на припадници на различни генерации.

Оригинални податоци:

генерација, мн. генерации ж. 1. Сите родени во еден временски период кои претставуваат едно поколение. Генерацијата на дедо ми се борела на тој фронт. 2. Етапа од историјата на едно семејство, на еден род, потомство, поколение. Имотот одел од генерација на генерација и секогаш се зголемувал. 3. Просечен временски период од раѓањето на родителите и раѓањето на децата. На фотографијата се три генерации, баба, мајка и внука. 4. Луѓе од приближно иста возраст што се занимаваат со нешто или се дел од нешто. Нашата генерација прослави десет години од матура. Секоја година по една генерација момчиња и девојки се разделуваат од ученичките клупи. 5. (техн.) Степен на техничко-технолошки развој на некој производ. Оваа генерација телефони се покажа добра. ◊ Јаз меѓу генерациите – разлики во мислењето, однесувањето на припадници на различни генерации. ‖ генерациски, генерацискиот прид.