гине
Значење на гине:
Губи живот на неприроден начин. Постојано гинеа луѓе, меѓу нив и деца.Коњугација: гинаа , гинав , гинал , гинат, гинат , гинеа , гинев , гинејќи , гинел , гинет , гинете , гини .
Изведени зборови:
- гинење, глаг. им. ср.
Фразеолошки израз / поговорка:
Тоа не ти гине – нешто секако ќе дојде.
Оригинални податоци:
гине, гинат; гини, гинете; гинев, гинеа; гинел; гинет; гинејќи; мин. св. гинав, гинаа; гинал; гинат несв. Губи живот на неприроден начин. Постојано гинеа луѓе, меѓу нив и деца. ◊ Тоа не ти гине – нешто секако ќе дојде. ‖ глаг. им. гинење ср.