ѓавол
Значење на ѓавол:
1. Натприродно суштество кое обично живее во пеколот, замислено како олицетворение на зло; зол дух, враг, сатана. На секоја лејка живееше по еден ѓавол. Ѓаволот е оној што им ги носи во приказната сите несреќи на луѓето.
2. (разг.) а) Злобен, лош човек. Не фаќај работа со тој човек. б) Итар, немирен, палав човек. Тој е голем ѓавол. Ѓавол жена.
Множина: ѓаволи.
Изведени зборови:
- ѓаволски, прид. ѓаволскиот Што се однесува на ѓавол, што е како кај ѓавол. Ѓаволска работа. Ѓаволски будалштини. Ѓаволска сила.
- ѓаволски, прил. Многу силно изразено. Беше ѓаволски издржлив.
- ѓаволче, и. ср. дем.
Фразеолошки израз / поговорка:
Жив ѓавол – палав, немирен; шегаџија. Тука (се крие) ѓаволот – тука, во тоа е тешкотијата. Пукна ѓаволот – тргна работата, тргна кон подобро. Ѓавол да го носи (земе) – обично во лутина, за изразување незадоволство. По ѓаволите! – извик на негодување. Ѓаволот ни ора, ни копа – злото, несреќата може да се случи во секој момент.
Оригинални податоци:
ѓавол, мн. ѓаволи м. 1. Натприродно суштество кое обично живее во пеколот, замислено како олицетворение на зло; зол дух, враг, сатана. На секоја лејка живееше по еден ѓавол. Ѓаволот е оној што им ги носи во приказната сите несреќи на луѓето. 2. (разг.) а) Злобен, лош човек. Не фаќај работа со тој човек. б) Итар, немирен, палав човек. Тој е голем ѓавол. Ѓавол жена. ◊ Жив ѓавол – палав, немирен; шегаџија. Тука (се крие) ѓаволот – тука, во тоа е тешкотијата. Пукна ѓаволот – тргна работата, тргна кон подобро. Ѓавол да го носи (земе) – обично во лутина, за изразување незадоволство. По ѓаволите! – извик на негодување. Ѓаволот ни ора, ни копа – злото, несреќата може да се случи во секој момент. ‖ ѓаволче, мн. ѓаволчиња ср. дем. ‖ ѓаволски, ѓаволскиот прид. Што се однесува на ѓавол, што е како кај ѓавол. Ѓаволска работа. Ѓаволски будалштини. Ѓаволска сила. ‖ ѓаволски прил. Многу силно изразено. Беше ѓаволски издржлив.